Прагот на сиромаштија е 31.200 денари – 154.000 земаат пониска плата: ССМ повикува на протест на 14 март


Фото: Б. Грданоски

Трендафилов посочува дека прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а една третина од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни.

„Борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест.

Ги повикуваме сите работници, нивните најблиски, ги повикуваме и овие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.