Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2025


Фото: Б. Грданоски

Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка проф. Летка Димовска-Полизова и продуцент промотор на македонската уметност Иво Јанкоски се годинашни добитници на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста , соопшти Министерството за култура. Државната награда „11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Македонија.

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на машинскиот инженер проф. д-р Константин Димитров  и на хемичарот и академик Глигор Јовановски.
 

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври во 12 часот во Собранието.

Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври” е проф. д-р Светозар Антовиќ.