Пожарникари и специјалци спречија жена да скокне од петтиот кат

„По пријава на 193, БППЗ-Скопје постави душек за спасување за интервенцијата во која учествувавме по дојавата за одземање на живот на една граѓанка на улица Илинденска -блиску до МИДА“, информира Пожарна Скопје на Фејсбук.
Откако соседите пријавиле пред здградата веднаш пристигнале пожарникарите, брза помош и полиција.
Припадници на противпожарната единица поставиле безбедносен душек пред зградата по доаѓањето на местото на настанот, а специјалци од интервентната единица на полицијата се спуштиле со јажиња од горниот кат и ја затвориле терасата од станот каде што била девојката.