Пожар во поранешно училиште во Пржино


Поранешно училиште во скопската населба Пржино е целосно опожарено. Станува збор за голема барака, која е напуштена.

На терен се екипи на противпожарната служба и итната медицинска помош.

„Тоа е напуштена барака. Има три возила таму, се интервенира во моментот. Ветерот го отежнува гаснењето на пожарот, но опасност од проширување во други објекти нема“, вели командирот на противпожарната служба Ѕвонко Томевски.

Од Итната служба 211 потврдуваат дека избувнал голем пожар. На терен, освен пожарникари, има и екипи на полицијата.