Пожар во обложувалница во Аеродром, го предизвикале со запалива течност


Вчера во 08.54 во СВР Скопје било пријавено дека околу 04.00 часот со запалива течност бил предизвикан пожар во спортска обложувалница на подрачјето на општина Аеродром. 

Од МВР информираат дека повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од лица вработени во соседен објект. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.