Пожар во фабрика за маси и столици во Кочани – спасен маркетот до неа
Пожар избувна вчера во објект на „Истра” во Кочани, фабрика за производство на маси и столици од дрво, при што бил зафатен дел од внатрешноста на објектот.
На местото на настанот интервенирале три противпожарни возила и пет пожарникари, информира Драган Апостолов, командир на ТППЕ од Кочани.
Пожарот бил изгаснат, со што било спречено огнот да се префрли на халата во која е сместен Кам маркетот.
Според Апостолов сериозно повредени нема. Едно лице побарало лекарска интервенција поради вдишување на чад.
Предизвикана била материјална штета која допрва ќе се проценува.
Засега нема официјална информација за причините поради кои избувнал пожарот.
За случајот e известено и ОВР Кочани.