Пожар во дворот на струмичката болница
Во текот на вчерашниот ден, околу 14.43 часот, Полициската станица во Струмица примиla пријава за пожар во дворното место на ЈЗУ Општа болница – Струмица.
Според соопштението од СВР Струмица, пожарот зафатил сува трева и гранки кои биле насобрани околу метален контејнер во дворот на болницата.
Вратата на контејнерот била отворена, што овозможило огнот да зафати дел од стара книговодствена документација сместена внатре. Нема повредени.