Пожар избувнал во месноста Кривчева Река, ќе го гаснат хеликопери на МВР


Пожар зафатил сува трева и ниска вегетација во месноста Кривчева Река во непосредна близина на Свети Николе.

Како што информираат од ЦУК, поради опасност пожарот да зафати неколку викендици и блиските куќи два хеликоптери на МВР полетале да го гаснат пожарот.