Повторно затворен аеродромот во Катанија поради пепел од Етна
Летовите на аеродромот во Катанија, на Сицилија, денеска повторно се прекинати поради што вулканот Етна исфрла пепел.
– Сите пристигнувања на аеродромот, петтиот најпрометен во Италија, моментално се прекинати до 22 часот, соопшти операторот на аеродромот.
Работата на аеродромот во Катанија беше нарушена и минатиот месец поради активности на Етна.
Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.