Повторно проблем со авионот на германската Влада


Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас поради дефект на авионот мораше да отпатува за Њујорк до друг лет. Тоа е уште еден проблем со флотата на германската Влада, што е под ингеренција на Бундесверот.

Мас заедно со делегација од 40 луѓе било предвидено да лета за Њујорк со авион Ербас А321, но откако бил откриен дефект, тие полетале со Ербас А319.

За шест месеци Мас четвртипат има проблеми со патувањата во странство. Тој во мај доцнеше 70 минути при посетата на Бугарија поради проблеми со авиниот.

Мас во февруари во главниот град на мали, Бомако чекаше 20 часа на друг авион бидејќи леталото со кое пристигнал имаше проблеми.

Германскиот министер за надворешни работи во април го пропушти почетокот на неформалниот состанок на Советот за безбедност на Обединети нации бидејќи при слетувањето во Њујорк пукна гума.