Повторно одрон на патот Катланово – Велес


Илустрација

Поради одрон на патот Катланово – Велес во близина на бензискаста станица „Детоил“ од утрово од 8:40 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

„Сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента во должина од 20 до 25 метри“,

се вели во соопштението од АМСМ.
На терен веќе се присутни екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“, кои работат на расчистување на одронот по што се очекува нормализирање на сообраќајот.

Расчистен е одронот на автопатот Скопје-Велес, се вози нормално

Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес, кај тунелот кај Катланово, каде се случи голем одрон, нешто по 20 часот и 30 минути синоќа беше целосно нормализиран, а одронот расчистен, соопшти АМСМ.

Претходно сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента поради одрон на излезот од тунелот во насока кон Велес.