Повторно активен официјалниот Твитер профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи


Фото: Б. Грданоски

Твитер профилот на министерот за надворешни работи Бујар Османи од утрово повторно е активен откако вчера тој на „Фејсбук“ објави дека профилот бил предмет на хакерски напад.

-Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба, соопштија од МНР.

Османи вчера напиша дека случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адреси на „Твитер“. бк/бак/

2021-11-13 13:43:55, од Борис Куноски