Повеќето Руси не сакаат да ја примат домашната вакцина против Ковид-19
Повеќе од половина од Русите не сакаат да ја примат домашната вакцина против корона вирусот, покажа новото истражување .
Поточно, само 42 отсто од Русите се согласиле да ја примат вакцината „спутник V” која е претставена минатата недела во Русија.
Russia Today пишува дека претседателот на Русија Владимир Путин на 11 август објави дека земјата ја регистрирала првата светска вакцина против корона вирусот.
Се работи за вакцина која ја разви Институтот за епидемиологија и микробиологија Гамалеј во москва и најавија дека таа за широката јавност треба да биде достапна од јануари 2021, како и дека прво ќе им биде понудена на наставниците и медицинските работници.
Постапката за креирање на таа вакцина беше критикувана од некои западни земји кои тврдат дека брзината со која е развиена всушност говори за тоа дека не е потполно сигурна.
Затоа, меѓу населението во Русија беше спроведена анкета при што 42 отсто рекле дека ќе се вакцинираат, а 52 не сакаат да ја примат. Анкетата ја спроведе државниот анкетар ВЦИОМ.
„Ова е интересен случај за да се разбере сосотојбата во нашето оптество. Сакаме гаранција дека нема да се заразиме, а сепак повеќето не планираат да се вакцинираат, а најверојатно затоа што се плашат или не веруваат во вакцината“, вели Валери Федоров, шеф на ВЦИОМ.
Според Кирил Димитриев, шефот на рускиот фонд за директни вложувања, вакцината предизвикала големо интересирање во странство.