Повеќе тепачки и во полициски час


Во неколку тепачки во Скопје, Кичево, повредени се неколкумина, откако избиле тепачки, стои во билтенот на МВР.
Имено, околу 18 часот во петокот, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7“ во село Кучевиште, Скопско, по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од село Кучевиште, при што со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63). Повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Истиот ден, околу 21.20 часот на ул.„Панајот Гиновски“, од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода О.В.(32), кој бил во алкохолизирана состојба и С.В.(38), и двајцата од Скопје, бидејќи при преземање на службени дејствија од страна на полициските службеници, по претходна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, пријавените се однесувале агресивно кон нив.
Тепачка имало и во Аеродром, каде во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади пазарче во близина на трговски центар на бул.„Јане Сандански“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.В.(67) од село Долно Лисиче, скопско, и Д.Д.(45) од Скопје.
Во 1.20 часот на ул.„Коце Металец“ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(48) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „телесна повреда“, казниво по чл.130 ст.2 од Кривичниот законик, а постапувајќи по претходна пријава од Д.Д.(41) од Скопје, дека претходниот ден околу 19 часот, во семејниот дом на ул.„Коце Металец“, после меѓусебна расправија, била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг С.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во петокот, во 10.45 часот во СВР Куманово, Н.П.(39) од с.Алгуња, Нагоричане, пријавила дека околу 10.30 часот кај бензинска пумпа на ул.„Доне Божинов“ во Куманово била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С.(41) од село Режановце.

Истиот ден, во 17.25 часот во Полициска станица Кичево, Е.П.(43) пријавил дека околу 17.00 часот на ул.„Прилепска“ во Кичево неговата сопруга С.Р.(22) и неговиот малолетен син биле физички нападнати од И.Д.(48) од Кичево.
Во 7.50 часот на ул.„Н.Бутникошарева“ кај Градски пазар во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода И.Ѓ.(39), од с.Росоман, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Тој, при обид за утврдување на идентитет од полициските службеници, физички нападнал полициски службеник и се обидел да го напушти местото на настанот.