Повеќе од 50 уапсени на протестите во Белорусија


На антивладините протести во Белорусија, на кои вчера присуствуваа околу 4.800 демонстранти, уапсени се 51 лице, соопшти Министерството за внатрешни работи на Белорусија.

„Најголем број демонстранти беа во Минск, Брест и Молодечно“, се наведува во соопштението.

Во исто време, во Белорусија се одржаа неколку митинзи за поддршка на мирот и безбедноста, на кои присуствуваа околу 16.750 луѓе, јави агенцијата ТАСС.