Повеќе од 28.000 нови случаи на коронавирус во САД

САД– Во последните 24 часа во САД се регистрирани 282 смртни случаи поврзани со Ковид-19, односно вкупно 745.670 од почетокот на пандемијата.
Податоците од Универзитетот Џон Хопкинс покажуваат дека бројот на заразени во САД се зголемил за 28.327 на 45.953.806.
Повеќе од 4,91 милиони луѓе биле заразени во Калифорнија, што е најмногу во САД. Следат Тексас (повеќе од 4,23 милиони) и Флорида (над 3,69 милиони). Речиси 72.000 смртни случаи биле пријавени во Калифорнија, 71.000 во Тексас и повеќе од 59.000 во Флорида.
Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека 79,9 отсто од возрасната популација била вакцинирана со најмалку една доза, 69,5 отсто со две дози, а 9,2 отсто ја примиле третата доза.
Повеќе од 221 милион луѓе ја примиле првата, 191 милиони втората и 17 милиони третата доза.