Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна откриени под детско игралиште во Англија
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/07/kasetni-bombi.jpg)
Повеќе од 170 бомби од Втората светска војна се откриени под детско игралиште во северна Англија, соопштија официјални лица, а според медиумите, се верува дека ќе бидат пронајдени уште.
Првите бомби, кои сè уште имаат полнење, беа откриени во јануари на игралиште во градот Вулер, Нортамберленд, објави Би-Би-Си.
Досега се пронајдени вкупно 176 бомби, а експертите стравуваат дека ќе бидат пронајдени уште.