Потврден првиот случај на „флорона“- Двојната инфекција може да предизвика колапс на човечкиот имунолошки систем


Првиот случај на двојна инфекција со корона и грип регистриран во Израел, експертите предупредуваат дека два вируси во телото можат да предизвикаат колапс на имунолошкиот систем!

Израел го пријави првиот регистриран случај на „флоронa“, односно истовремена инфекција со ковид-19 и грип! Станува збор за пациентка која дошла да се породи, а која не била вакцинирана ниту против коронавирус, ниту против грип.

Израелското Министерство за здравство сè уште го истражува овој случај, кој засега е релативно благ, но останува да се види дали комбинацијата на двата вируса може да предизвика посериозна болест.

Експертите сметаат дека има многу повеќе случаи на двојна инфекција со ковид и грип, но дека не е дијагностицирано.

„Минатата година немавме грип кај трудниците и мајките“, вели д-р Арнон Вихницер. „Денес гледаме случаи на инфекции и корона и грип. Имаме и повеќе трудници со грип“, додаде тој.

Д-р Нала Абдул Вахаб од Универзитетската болница во Каиро претходно изјави дека двојната инфекција може да предизвика колапс на човечкиот имунолошки систем, бидејќи го принудува телото да се бори со два вируси во исто време.