Потомците на браќата Миладиновци гласаа на бугарските избори во Охрид


 

Во врска со бугарските парламентарни избори вчера во Македонија беа отворени пет изборни места во Скопје, Битола, Охрид, Струмица и Прилеп, јави БГНЕС.

Интерес предизвикал 89-годишниот Ангел Куртелов, кој гласаше во Охрид. Ова семејство е директен потомок на преродбениците браќата Миладиновци.

Право на глас имаат сите бугарски државјани кои поседуваат валидни бугарски документи за лична идентификација и живеат или привремено лоцирани на територијата на Република Северна Македонија.

 Во главниот град, изборниот дел се наоѓаше во зградата на амбасадата. 

БГНЕС пишува дека браќата Миладиновци се бугарски просветители, родени во Струга. За време на преродбата тие, според БГНЕС, го штителе богатото културно наследство на бугарскиот народ преку збирката „Бугарски народни песни“, објавена за прв пат во 1861 година. Нивната просветна дејност и борбата против елинизацијата ги зачувале нивните имиња – Димитар, Наум и Константин – како што стои, „во златни букви во бугарската историја“.