Потоци лава, чад и пепел од вулкан во Индонезија
Најактивниот вулкан во Индонезија, на островот Јава во блзина на Џакарта, денеска повторно проработе, исфрлајќи пепелв високо во воздухот.
Низ падината се слеваат потоци лава со запалливи облаци гас.
Не е забележан ни еден смртен слуачј, јавува АП.
блаци врел чад се издигнуваат до 1.000 метри, а потоци лава и гас се слеваат низ падините на планината Мерапи во должина од три километрии тоа најмалку шестпати досега од утринава кога вулканот проработе, изјави Ханик Хумаида, шефица на Центарот за вулканологија и геолошки опасности во Џакарта.
Серија од пирокластични текови ослободени се од вулканската купола во внатрешниот кратер на вулканот висок 2.968 метри, додаде Хумаида.
Пирокластичен тек е вулкански феноцмен кој го прават лавините усвитени карпи, пепел и вулкански гасови.
Пепелта прекри неколку села и градови, наведува АП, и додава дека планината Мерапи забележала зајакната вулканска активност во последните недели.
Индонезискиот центар за вулканологија не го подигна статусот на предупредување, кој веќе беше на втор степен о постоечките четири откако вулканот проработе од минатиот ноември.
На мештаните кои живеат во подночјето на планината им се советува да се држат на растојание од неколку килоетри од кратерот и дека треба да се свесни од опасност од лава.
Вулканот се наоѓа на густо населениот остров Јава во близина на Џакарта. Најактивен е од уште 120 други активни вулкани во Индоензија и во последно време проработува неколкупати.
Во последната голема вулканска ерупција во 2010 година настрадаа 347 луѓе.
Индонезија, архипелаг со 270 милиони луше, подложна е на земјотреси и вулкански активности.