Поставени знамињата на ОБСЕ на зградата на МНР

Поставени знамињата на ОБСЕ на зградата на МНР, во пресрет на претседавањето на Република Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во која членуваат и САД и Русија, а кое стартува од 1 јануари.
-Претседавањето на ОБСЕ ќе ја одбележи идната година, оцени на годишната средба со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.
“Велат, ОБСЕ е на крстопат. Верувам дека вистинската насока напред е да овозможиме ОБСЕ да може да функционира врз основа на својот полн капацитет и подготвеност да испорачува, во корист и подршка на граѓаните во ОБСЕ регионот. Организацијата да продолжи да и служи на целта за нејзино воспоставување, нудејќи релевантни вредности и принципи како темел на европската кооперативна безбедност, и платформа за дијалог како алатка за превенција и разрешување на конфликти” – посочи Османи на 29-от состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, што оваа година се одржа во Лоѓ, Полска, на 1 и 2 декември.