Последна фотографија од извршниот директор Сименс и неговото семејство пред хеликоптерската несреќа: Сите загинаа во страшна несреќа

Се појави последната фотографија од семејството кое било во хеликоптерот кој се урна во реката Хадсон.
Воздушната обиколка на едно семејство низ градот над замаглениот брег на Менхетен заврши со трагедија во четвртокот кога хеликоптерот со кој летаа се урна кај брегот на Њу Џерси, при што загинаа сите членови на семејството и пилотот, јавува Си-Ен-Ен.
Бројни набљудувачи во живо гледале како хеликоптерот паѓа и удира во реката. Се појави последната фотографија од семејството пред полетувањето на хеликоптерот.
Според Си-Ен-Ен, Агустин Ескобар, директор на Сименс, и неговото семејство биле убиени. Семејството беше во посета од Шпанија, рече градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс на прес-конференција во четвртокот. Си-Ен-Ен ја контактираше американската крајбрежна стража за повеќе информации за жртвите. Иако се уште не е познато зошто се урнал хеликоптерот, неговиот ненадеен и шокантен пад од небо ги остави сведоците во неверување. Спасувачите направија се за да им помогнат на настраданите.
Family from Helicopter crash in New York picture taken just before flight. Arrived in New York from Spain earlier same day. Poor little ones, so sad. Lord have mercy on their souls. RIP. pic.twitter.com/rpfe4c9Ffc
— Link Van Stinkle (@linkvanstinkle) April 11, 2025
Претседателот Доналд Трамп, исто така, изрази сочувство преку објава на Truth Social, пишувајќи „Бог да ги благослови семејствата и пријателите на жртвите“ и додаде дека секретарот за транспорт Шон Дафи го истражува случајот.
Хеликоптер управуван од туристичката компанија New York Helicopter Charter во моментов е потопен во реката. Шпанскиот премиер Педро Санчез во објава на мрежата Х ја нарече несреќата „незамислива трагедија“. Ја споделувам мојата тага со семејствата на жртвите во овој болен момент“, рече тој.