Поскапеа јајцата
Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ.
Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите.
Покрај јајцата, се најавува и нов бран поскапувања — очекува се раст на цените на месото, особено на свинското и јунешкото.
На Зелен пазар јаца беа 230 табла,а сега се 330 денари табла, споделува скопјанка.
Може да ми кажат копачиве вМоронски јајцата зошто ги зголемиа од 8 денари на 14 денари…
Само да објаснат ?!— Рикнатиот! (@vegetaboy8) November 15, 2025
Одувек јајца ми биле некако евтини. Сум викал колку хранлива ствар, а толку евтина. До кај 59 денари од парче да дојде ќе биде реална цена според мене.
— Zarko Ristovski (@DecimalFawn4210) November 16, 2025