Португалија останаа без горива поради штрајк на возачите на камиони и цистерни


Откако во петокот најавија посебни мерки, португалските власти денеска и службено воведоа ограничување на купувањето гориво на бензиски станици. Тоа е обид да се ублажат последиците на енергетската криза откако повеќе од 2.000 возачи на камиони и цистерни стапија во штрајк поради ниски плати.

Португалската влада се договори со револтираните возачи за обезбедување минимални залихи на гориво, но и прехранбени производи за болници и аеродроми. Ограничувањата се – 15 литри бензин за граѓани по автомобил на некои станици и 100 литри за комби и камиони.

Рестрикциите ќе траат до 21 август.

Според португалските медиуми, неколку камиони за испорака и цистерни биле под полициски надзор вчера, откако штрајкувачите ги објавија плановите за патни барикади во обид да спречат испорака на гориво на бензински станици.

Возачите на камиони, предводени од синдикатите, бараат зголемување на нивната месечна плата од сегашните 630 евра на 900 евра до 2022 година.