Поранешниот возач на Хазби Лика пронајден мртов во центарот на Тетово


Во близина на главниот плоштад во Тетово попладнево е пронајдено безживотното телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово, објави Алсат-М.

Со прострелна рана, телото е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син, недалеку од местото на живеење. Од првичните информации од увидот, на стаклото од автомобилот се забележани дупки од огнено оружје.

Во меѓувреме од тетовскиот суд за „Независен весник“ потврдуваат дека станува збор за самоубиство.

Фатмир Тахири бил вработен во Секторот за урбанизам во Општина Тетово. Засега е познато дека починатиот немал семејни проблеми ниту, пак, имал проблеми на работното место.

На местото на настанот има полиција и јавен обвинител од Канцеларијата на обвинителот во Тетово.