Поради Рамазан Бајрам, ЈСП ќе вози по неделен возен ред
ЈСП „Скопје“ информира дека за време на трите дена од продолжениот викенд (20.03.2026 год. – 22.03.2025 година), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Работно време на билетарници и центри за персонализација
Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар.
Во сабота (21.03.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 18:00 часот).
Работно време на Жичница
Жичницата за време на продолжениот викед ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.
Од претпријатието го честитаат празникот Рамазан Бајрам !