Поради дојава за бомба евакуиран руски авион на аеродромот во Њујорк


 

Полицијата во Њујорк не потврди присуство на бомба во авионот н руската авиокомпанија „Аерофлот“, кој слета од Москва во неделата на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“.

Аеродромската служба добила дојава за експлозивна направа на авионот, кој слетал во неделата вечерта, соопшти портпаролот на аеродромот.

Евакуирани биле 250 патниви, а полицијата го пребарала авионот, но не нашла ништо.

Аеродромот е отворен, но неколку елтови пеа поместени заради истрагата.

Во извештајот се наведува дека авионот кој долетал од Москва е под истрага, па сите патници и нивниот багаж бил детално прегледан.

Управата на аеродромот на Твитер напиша дека поради инцидентот патниците може дополнително да бидат проверени и полицијата ќе прати уште припадници за да го обебеди аеродромот.