Поради дефект, без вода улиците „Елисие Поповски“, „Козара“ и „Антон Панов“ во Центар


Фото: Б. Грданоски

Поради дефект Ф-150мм на улица „Козара“ 29 во населба Центар, денеска од 11:50 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Елисие Поповски“, „Козара“ и „Антон Панов“.

 Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.