Поплави во Косово: Одрон на автопат, евакуација во Ѓаковица
По големите врнежи во Косово, дојде до одрон на земјиште покрај автопат, а полицијата најавува евакуација на жителите во Општина Ѓаковица.
Обилните дождови предизвикаа одрон на автопатот „Ибрахим Ругова“, но тој е прооден. Како што наведуваат од Министерството за инфраструктура, одрони прават проблеми и на други помали патни правци.
📍Gjakovë
08.01.2021 pic.twitter.com/absPO9xzqc— ARDI (@ardenisrud1) January 8, 2021
Поради дождовите дојде до поплави в Глоговац, Малишеви и други места.
Најкритично е во Ѓаковица каде поплавени се куќи, а надлежните се справуваат со ситуацијата. Бидејќи состојбата се влошува, најавена е евакуација на анселениеот.
Поплавени се влезовите во градот и многу куќи.

Министерот за инфраструктура во Приштина, Арбан Абраши изјави дека патиштата во оние делови на Косово каде имало одрони се чистат, а за сега патиштата се проодни, додека дежурните екипи го чистат снегот од коловозите, пренесе Зери.
Реката Мируша се ислеа, а поплавени се некои мостови, некаде патиштата се блокирани, а граѓаните користат алтернативни правци.
Има проблем и со електричната енергија, но не се наведува какви. Се молат граѓаните да не се движат без поголема потреба.