Поплави во Битола и околните села


 

Вечерва по обилните врнежи од дожд кои предизвикаа поплавување на улици низ градот битолската „Нискоградба“ и другите јавни претпријатија започнаа акција за санирање на состојбата.

Најкритична е состојбата кај стариот „Прогрес“ кај каналот од реката Курделес кој се излеа, поради што отежнат е сообраќајот на улицата „Македонска фаланга“ (старата „Иво Лола Рибар“) до Железничката станица.

Интервенции има и на улицата „Солунска“ во населбата Боримечка, на Лавчански пат и населбата Стрчин.

Екипиите продолжуваат со работа за санирање на состојбата, а остануваат на терен со оглед на најавите за продолжување на врнежите.

Мобилизирани се екипи од „Битолско поле“, „Водовод“, „Стрежево“ и ќе се интервенира во Кравари, во Канино, Лера, Горно Српци, на река Црна, потесното и поширокото градско подрачје на општината. (А.Б.)