Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла

Попладнево голем пожар во депонијата Дрисла, објави попладнево во Вибер група, Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.
„Повеќе информации од командатот на БППЗ Скопје, Звонко“, додаде Ангелов (Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, заб).
Ангелов вели дека пожарот не е алармантен. БППЗ Скопје работи на негово гаснење.
Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови, посочи Ангелов.