Помало ДДВ, намалување на акцизите… СДСМ ќе предложи пакет закони за справување со кризата
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес конференција најави дека пратеничката група на СДСМ ќе предложии пакет закони со кои ќе им се помогне на граѓаните полесно да се справат со последиците од постојната економска криза предизвикана од зголемените цени на горивата. Предлозите се состојат во намалување на ДДВ за горивата, потоа налаување на акзизите, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи и преполовување на цените за патарините.
Како што образложи, овој потег се презема поради тоа што Владата до сега не покажала ни најмалку слух дас е прифатат прдлозите на СДСМ и да донесе мерки за намалување на цените на горивата.
„За само една недела, по прввиот скок на цените на горивата, согласно просечната потрошувачка на дериватите, граѓаните платија три милиони евра повеќе само со покачување на цената дериватите. Со новото поскапување тоа граѓаните неделно ќе ги чини 4,5 милиони евра повеќе, пари кои што ќе бидат одземени од граѓаните и од компаниите“, рече Филипче на прес конференцијата.
Тој додаде дека овој потег го преземаат откако апелите и предлозите кои што ги упатиле кон владата не наишле на никаква реакција.
„Владата не одговоии и нема намера до одговори. Затоа ние во Собранието ќе поднесеме пакет закони за да им олесниме на граѓанитет оваа криза полесно да ја надминат“, рече Филипче.
Прво, како што посочи, ќе биде поднесен предлог-закон за намалување на стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за горивата. Понатаму, за намалување на акцизата за четири денари, додека третиот предлог-закон е укунување, односно нула проценити ДДВ за основните прехранбени производи. Четвртиот закон е за преполовување на цените на патарините кои што граѓаните ги плаќаат на патиштата во земјава.
„Владата мора да реагира и мора да ги прифати овие закони затоа што народот едноставно во оваа криза нема да може да се прехрани“, рече Филипче.
Филипче исто така се осврна и на европскиот пат на државата, кој како што рече, е тесно поврзан со економијата и со процесите кои што се водат во регионот.
„Тој пат е целосно блокиран“ рече Филипче, додавајќи дека нема никаков напредок и дека премиерот јасно кажал дека нема да се направи чекор напред кон Европската унија.
„Тоа значи дека нашите граѓани по децении и децении чекање, сега кога сѐ е многу извесно и кога пропширувањето на ЕУ стана еден од приоритетите на ЕУ, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат сами да го запрат европскиот пат, да им забранат пристап на нашите граѓани на единствениот пазар од 500 милиони луѓе, да го ограничат слободното движење низ европските земји и ги тераат луѓето да вадат бугарски пасоши“, рече Филипче.