Помалку камери на телефоните од следната година?
„Samsung“ обично ги опремува своите телефони од средна класа со три или четири камери. Сепак, почнувајќи од следната година, моделите од средната класа на јужнокорејската компанија би можеле да имаат една камера помалку.
Според извештаите на медиумите од Кореја, „Samsung“ одлучил да ги отстрани камерите со сензори за длабочина од своите телефони од средната класа. Извештајот тврди дека „Galaxy A24“, „Galaxy A34“ и „Galaxy A54“ ќе имаат по три камери: главна, ултра широка и макро.
„Galaxy A24“ би можел да има главна камера од 50 MP, ултра широка 8 MP и макро од 5 MP. Наводно, „Galaxy A34“ ќе има главна камера од 48 мегапиксели, ултра-широка од 8 мегапиксели и макро од 5 мегапиксели. Невообичаено, во извештајот се споменува дека „Galaxy A54“ ќе има главна камера од 50 MP, ултра широка камера од 5 MP и макро камера од 5 MP. Се верува дека е печатна грешка, кога станува збор за резолуцијата на ултра широката камера, која е послаба од онаа на моделите „Galaxy A24“ и „Galaxy A34“.
Се верува дека овој потег на „Samsung“, кога станува збор за камерите, е направен со цел да се фокусира на преостанатите камери и да се намалат трошоците што ги создаваат длабинските камери.
Јужнокорејската компанија веќе почна да нуди „OIS“ во своите телефони од средна класа, па се верува дека наскоро ќе имплементира телефото камери на своите модели од средната класа.