Полска соочена со река од бегалци, се најавува хуманитарна криза


Полските власти  организираат прифатилишта за украинските бегалци во сите градови, откако состојбата на границата со Украина стана  многу тешка и бројот на тие што бегаат од земјата веќе достига илјадници.

Полските власти досега ги пропуштаа само жените и децата да ја поминат границата, но не и војниците. Вчера околу 100.000 луѓе чекале на граничниот премин Медука, близу градот Лвив, но се верува дека околу милион бегалци многу бргу ќе бидат на границата. Електронскиот систем за проверка на пасошите сде урнал,  а сомневањата се дека бил хакиран од страна на руските власти. Тие што сакаа вчера да влезат во Полска на границата чекаа по 12 и повеќе часови. 

Полските локални власти очекуваат нов бран бегалци  да дојде од Белорусија, така што се очекува голема хуманитарна криза.