Поликлиниките „Ремедика“ и „Железара“ како и клониката за хематологија и трансфузиологија без вода
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека на ден 02.03.2022 поради замена на затворач ф-125мм на „Коце Металец“ 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул „Коце Металец“ (од број 1 до број 13 и од број 2 до број 82) и дел од ул. „Душан Тасковиќ“, вклучително и „Ремедика“ и поликлиника „Железара“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот до завршување со активностите.
– на ден 02.03.2022г поради дефект на приклучна цевка 6/4 “на ул.„Владимир Полежиновски“ 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
– на ден 02.03.2022 поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф-300 мм на ул.„Алберт Станиќ“ 35 во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Алберт Станиќ“, „Војдан Чернодрински“, „Исмаил Кадаре“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот.
-поради реконструкција на ПС „Водно“ во периодот од 22 часот на 02.03.2022 година до 07 часот на 03.03.2022 година ќе се врши реконструкција на усисниот дел од пумпената станица и чистење на резервоарот Водно.
Поради овој технички зафат постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за Хематологија и трансфузиологија.