Полицијата во Мадрид почнува да користи пиштоли електрошокери
Шпанија– Мадридската полиција наскоро ќе започне со употреба на електрични пиштоли наместо оние со вистински куршуми бидејќи ги препорачуваат од меѓународни организации за човекови права, објави новиот градоначалник на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида.
Градската полиција се очекува да добие 200 црно-жолти пиштоли „Тасер“ во наредните недели, оружје што произведува електро-шокови. Тоа влијае на нервниот систем на луѓето и животните, привремено парализирајќи ги мускулите, главно рацете и нозете. Тие пиштоли имаат и камера за снимање интервенции.
Ова не значи дека пиштолите со вистински куршуми ќе бидат повлечени од употреба. За таа цел градот ќе издвои половина милион евра.