Полицијата тренира строгост: Во Скопје 400 казни за само една ноќ
Близу 400 казни изрекоа полициските службеници во Скопје изминатата ноќ. Дел од казнетите возачи биле пијани, други возеле пребргу, кај трети се евидентирани други прекршоци, тврдат од Министерството за внатрешни работи
Во периодот од полноќ до пет часот наутро, извршена е акција за откривање возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол.
„Притоа, кај 29 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека четири возачи одбиле да проверка за присуство на алкохол. Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози“, велат од МВР.
Санкционирани се 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.
Казнети се и вкупно 90 моторциклисти, кои извршиле разни прекршоци.