Полицијата откри десет мигранти во возило на регионалниот пат Градско-Велес


Полицијата на регионалниот пат Градско-Велес денеска околу 00.15 часот открила десет мигранти од кои пет малолетни во патничко возило со радовишки регистарски ознаки. При контролата приведен е 24-годишен жител на Арачиново, а мигрантите се задржани во прифатен центар, информираат од МВР.

Возилото „опел зафира“, како што информираат од МВР, на даден знак за сопирање продолжило со движење, но по кратко време застанало и во него биле пронајдени 10 лица мигранти од Авганистан, од кои пет малолетни.

– С.А.(24) од Арачиново, скопско, бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а мигрантите биле задржани во Прифатниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се работи на расчистување и документирање на случајот, информираат од МВР.

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, денеска околу 2.15 часот на пункт „Отовица“ при преглед на патничко  возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки отркиле двајца мигранти од Турција.

– Возилото е управувано од Х.Ј.(23), а совозач бил М.Ј.(19), двајцата од Скопје. Осомничените биле приведени во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.