Полицијата ја затвора улицата кај „Свети Спас“ уште денеска попладне


Полиција кај црквата „Свети Спас“ (Фото: Б. Грданоски)

 

Ништо да не се остави на случајноста или намерноста. Министерството за внатрешни работи објави дека од денеска (четврток) од 18 часот под посебен режим ќе бидат неколку улици околу скопското кале. Дел од нив ќе бидат и затворени за сообраќај. Со тоа полицијата и видливо ги презема подготовките за да не избие некој немил настан  ц абота на 4 февруари кога ќе се одбележи денот на раѓањето на Гоце Делчев.

„Од четврток 2февруари во 18 часот за сообраќај ќе биде затворена улицата ‘Самоилова’, на потегот од улицата ‘Иљо Војвода’ (вијадукт ‘Самоилова’) до крстосницата со улицата ‘Прохор Пчињски’, а на 4 февруари (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на улиците ‘Лазар Личеновски’ и ‘Самоилова’“, соопштија од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

На „Самоилова“ и околу „Свети Спас“ денеска веќе беше забележливо присуството на униформирани полицајци кои ја контролираат ситауцијата. Околу црквата и во нејзиниот двор речиси и да немаше никој.