Полицијата го уапси возачот кој избега откако усмрти велосипедист кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје


Полицијата попладнево соопшти дека го уапсила 37-годишниот Х.К. од Скопје, кој денеска околу 12:30 часот на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје со автомобил „Фолксваген пасат“ прегази 78-годишен велосипедист (Ј.Ќ. од Скопје), кој почина на самото место.

Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје, затоа што околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот. По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на МВР.