Полицијата го уапси струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов


 

Рано утринава, полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов. Апсењето е извршено по налог на јавен обвинител. Истрагата за него и неговите бизниси трае веќе неколку месеци. На почетокот беа направени претреси и беше одземена документација. Крмзов, наводно, направил злоупотреби во милиони евра.

Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција го обвинуваше Крмзов за згаснатата Еуростандард банка, ископ на јаглен во РЕК Битола, шверц на брендирана гардероба, поврат на ДДВ… Од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека Крмзов е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.

Во емисијата „Код“, Крмзов изјави дека неговите проблеми започнале уште во времето на СДСМ, на крајот на 2023 година, кога Управата за јавни приходи започнала да спроведува контроли во негови компании. За тоа тој ги обвини локалните моќници.