Полицијата го најде Агим Исмаиловиќ и го спроведе во Шутка


Агим  Исмаиловиќ, за кого денеска обвинителството побара притвор како еден од обвинетите во случајот „Монструм“, е пронајден од полицијата во неговиот дом и спроведен во истражниот затвор Шутка.

Претходно полицијата го бараше во неговиот дом, но не го најде поради што се веруваше дека избегал. Според неговиот адвокат Насер Рауфи, тој во тој момент бил во џамија, откако денес  незабележан го напушти Кривичниот суд откако беше побаран притворот.

Откако обвинителката Фатиме Фетаи денеска побара на Исмаиловиќ да му се одреди притвор, судијата му дозволи да ја напушти судницата до носењето на одлуката, иако обвинителката бараше да биде задржан.Тогаш се уклучи алармот дека можеби избегал, по што судот даде наредба до МВР да го пронајде. Се појави и информацијата дека Исмаиловиќ не планирал да бега, туку по дозволата на судијата сметал дка може слободно да се движи.

Тој е еден од осомничените за петкратното убиство што се случи во 2012 година кај Смиљковското Езеро. Притвор е одреден и за Фејзи Азири.Случајот “Монструм” е при крај. Наскоро се очекуваат завршни зборови и пресуда.