Полицајци фатиле крадци на дело, па се соочиле со агресивно однесување


Полицајци фатиле две лица во обид да крадат од бутик, а едниот осомничен потоа започнал агресивно да се однесува кон нив, информира тетовската полиција. Настанот се случил околу 21:00 часот вчера кога полициски службеници ги лишиле од слобода лицата Н.С.(28) и М.Н.(22), двајцата од село Глумово, општина Сарај.

-Тие биле фатени како вршат кривично дело „кражба“ во бутик во трговски центар во Тетово. Притоа, Н.С. агресивно се однесувал и ги омаловажувал полициските службеници. По расчистување на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти денес СВР Тетово.

Пред 15 денови во Тетово беше нападнат и повреден полицаец, кој беше на интервенција со општинската служба за подигнување возила. Тогаш 29-годишник физички го нападна полицаецот по што на самото место пристигнаа други полициски службеници кои го приведоа напаѓачот.