Показна вежба на полицијата во Дебар


Презентација на дел од опремата на Министерството за внатрешни работи и тактичко-показна вежба на припадниците на полицијата се одржаа денеска во Дебар во рамки на активностите по повод одблежувањето на Денот на полицијата.

Тактичко-показната вежба ја следеа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и високи функционери во МВР,  како и градоначалниците на Дебар, Хекуран Дука, на Маврово Ростуше Медат Куртовски, и на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

– Ова е еден од начините како да ја обновиме, да ја зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство и соработка, со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион. Ова вежба ја направивме како дел од активностите по повод 7 мај, Денот на македонската полиција и токму заради тоа сакавме да биде овде во Дебар, да се претставиме пред граѓаните и да ги поттикнеме сите заедно да соработуваме, меѓутоа и да поттикнеме млади луѓе кои сакаат да бидат дел од македонската полиција од целиот овој регион, изјави Спасовски.

Тој им се заблагодари на градоначалникот на општина Дебар, на медиумите и на граѓаните за масовната посета на настанот, како и на учесниците во вежбата.

– Сите заедно покажавме пред целата македонска јавност за капацитетот, подготвеноста, за ентузијазмот на македонските полицијци и на тој начин упативме силна порака дека македонската полиција е чувар на стабилноста и безбедноста подготвена во секој поглед да ги заштити и граѓаните и Македонија, рече Спасовски.

Инаку на вежбата на која граѓаните покрај другото имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата, учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.

Посебно љубопитни на озој настан беа најмладите кои освен што одблиску гледаа  дел од опремата сакаа да се фотографираат со полициските службеници. Настанот беше организиран во дворот  на ООУ„Пенестија“ спроти полициска станица