Скопје е домаќин на Европското првенство во танц, догодина и на Светското


Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
– Ми беше особена чест да се обратам на Европското првенство во танц, каде во нашиот град се собраа повеќе од 2.900 танчери од 26 европски земји. На сите учесници им посакав топло добредојде во Скопје, градот кој овие денови живее во ритамот на младоста, енергијата, талентот и пријателството. Скопје денес е голема европска сцена на која се среќаваат култури, се создаваат нови пријателства и се споделува една заедничка страст, љубовта кон танцот. Танцот е јазик кој не познава граници – порачува Ѓорѓиевски.
 
Тој на сите натпреварувачи им посака успешни настапи, многу среќа и од Скопје да понесат прекрасни спомени и желба повторно да ни се вратат.
 
 
– Со особена гордост најавив дека следната година Скопје ќе биде домаќин и на Светското првенство во танц, големо признание за нашиот град и потврда дека Скопје има капацитет, енергија и амбиција да биде домаќин на најголемите меѓународни настани. Добредојдовте во Скопје, во градот кој овие денови танцува заедно со Европа, а следната година ќе танцува со светот- додава Ѓорѓиевски.