Поголемите компании ги „голтаат“ помалите – рекорден број спојувања и преземања


Судејќи според динамиката со која поголемите компании ги „голтаат“ оние помалите, 2021 е година за преземање на конкурентите и за консолидација на бизнисите. Многу динамично лето ја направи годинава потенцијално рекордна според вредноста на спојувањата и преземањата во светот.

Според Фајненшл тајмс, од почетокот на годината до сега веќе е договорени спојувања и превземања за речиси 4 билиони американски долари, бидејќи компаниите брзаат да го искористат периодот на многу евтини заеми и зголемена добивка.

Август обично се смета за врв на летното затишје. Но, минатиот месец, вредноста на глобалните спојувања и превземања достигна дури 500 милијарди долари, пренесува „Пословни дневник“.

Причината е комбинација на ниски трошоци за позајмување, милијарди долари со кои располагаат фондовите за ризични вложувања и враќање на „животинските инстинкти“ на менаџментите на големите глобални компании.

Што се однесува до 2019 година, до крајот на август беа склучени трансакции во вредност од 2,6 билиони долари. Доколку продолжи оваа динамика, 2021 година може да биде подобра од досега рекордната 2007 година кога беа регистрирани спојувања и преземања од 4,3 билиони долари.

Засилениот тренд на спојувања и преземања влијае и на приходите на големите банки на Волстрит. Во вториот квартал, JPMorgan оствари рекордни приходи од глобални инвестициски провизии од 3,6 милијарди долари. Приходот од провизии на Голдман Сакс се зголеми за една третина.

Просперираа и адвокатските фирми, и многу од нив пријавија рекорден профит.

Најактивен е технолошкиот сектор, кој учествува со 21 процент во годинешната вредност на трансакциите, наспроти 16 проценти минатата година. Најсилната активност во технолошкиот сектор од т.н. dot.com балон пред околу 20 години, ја покажуваат и 8.742 трансакции во вредност од 832 милијарди долари.