Подобар ли е Рон Де Сантис од Трамп?


Рон ДеСантис триумфално победи во резиборот за гуверенр на Флорида и ги отвори перспективите за учество во претседателската трка (Фото: АП)

Републиканецот Рон Де Сантис е еден од големите победници на среднорочните избори во САД. И изгледа како перспективен претседателски кандидат. Но, што им нуди  тој на Американците? 

Секој што сака да знае што е најважно за Рон ДеСантис, треба само да слуша десетина минути од неговиот говор во изборната ноќ. Во објавувањето на својата победа, реизбраниот гувернер на Флорида јасно стави до знаење за што се бори: „Избираме факти наместо страв“.

Додека ја обвинува Белата куќа и медицинските експерти за „плашливост“ во врска со нивната политика кон „Ковид-19“, ДеСантис создава свои факти во својата држава: Без маски, без задолжителна вакцинација, речиси без заклучување. Според податоците на Министерството за здравство на САД, повеќе од 80.000 луѓе починале како резултат на инфекцијата со коронавирус.

ДеСантис: „Образование наместо индоктринацијата“

„Го избираме образованието наместо индоктринацијата“, им извикуваше Рон Де Сантис на своите поддржувачи во изборната ноќ. Ова е вториот главен столб на неговата политичка програма.

Ултраконзервативниот 44-годишен републиканец е еден од најгласните политичари во САД кога станува збор за лево-либералните „будни“ групи – како што ги нарекува тој – кои наводно им диктираат на Американците што сè уште може да се каже во јавноста и што може да се учи во училиштата. И Де Сантис мисли дека  негова мисија е да стави крај на тоа. Во март, гувернерот го усвои „Прилогот за правата на родителите на училиштето“ – попознат како закон „Не кажувај геј“. Тоа одредува од која учебна година па наваму е дозволено да се зборува за сексуална ориентација и родов идентитет.

Строга политика за имиграција

Поранешниот адвокат на морнарицата со искуство во Ирак се претставува себеси како верен бранител на ултраконзервативните позиции. И во третиот столб од неговата политичка програма, тој се фокусира на класичен проблем: илегалната имиграција. „Избираме закон и ред наместо бунт и беззаконие“, рече Д Сантис во својот говор.

Тој набрзина натоварил осомничени илегални имигранти во специјално изнајмен авион и ги испратил на островот за одмор Мартас Вињард. Според „Њујорк Тајмс“, за оваа намена се потрошени дванаесет милиони долари од буџетот на државата Флорида, но имигрантите не биле од Флорида, туку од Тексас и биле намамени во авионот со лажни ветувања.

Ова се можеби најдобрите предуслови за соработка со поранешниот претседател Доналд Трамп. Барем на хартија. Во политичката реалност работите изгледаат поинаку. За време на кампањата, Трамп го нарече гувернерот на Флорида „Рон лицемерот“. Причина – таткото на три деца, дипломец на Јеил и Харвард, кој за разлика од Трамп, политичката кариера ја започнал на многу класичен начин, не игра според правилата на поранешниот претседател.

Лагата на Трамп за наводно украдените избори во 2020 година е нешто што Де Сантис вешто го избегнува. Немаше грешки во Флорида, изборите не можеа да поминат подобро, нагласува Рон Де Сантис. Ултраконзервативецот намерно држи дистанца од Трамп. И со тоа што е пофлексибилен и поактивен во неговото гувернерство, тој исто така им нуди на поумерените републиканци платформа која има потенцијал да му овозможи да се кандидира за претседател во 2024 година. Сето ова му е совршено јасно: „Има уште толку многу да се направи – а јас само што почнав да се борам“. (Дојче Веле)