Под закана со пиштол ограбена банка во Аеродром


Денеска (04.06.2024) во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари.

Според медиумите, банката се наоѓа во ТЦ „Скопјанка“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.