Под контрола е пожарот во Националниот парк „Пелистер“
Пожарот што се закануваше да зафати поголем дел од Националниот парк „Пелистер“ е ставен под контрола, но надлежните служби и натаму остануваат во состојба на зголемена претпазливост.
Поголема катастрофа била спречена благодарение на интервенциите на „Ер тракторите“ и брзата акција на пожарникарите од Ресен и Битола и другите служби на терен. Во гаснењето учествуваа и вработени од НП „Пелистер“, јавните комунални претпријатија и службите за управување со кризи и заштита и спасување.
Дежурните екипи остануваат на терен за целосно догаснување и за спречување евентуално повторно активирање на огнената линија.