Под истрага канцеларијата на Гордан Грлиќ Радман, незаконски се употребувале средства


Европското јавно обвинителство (ЕЈО) во Загреб и Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал спроведуваат итни доказни дејствија поврзани со незаконско користење средства во Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

„Овие итни доказни дејствија, кои се спроведуваат во соработка со Полициската Национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (ПН УСКОК), доаѓаат по кривична истрага за можна злоупотреба на положбата и овластувањата во Министерството за надворешни и европски работи, во која се вклучени средства од Фондот за внатрешна безбедност (ФСС) и од државниот буџет на Република Хрватска.

Европското јавно обвинителство по сослушувањето на осомничениот ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста.

Дотогаш нема да бидат објавени повеќе детали.

Инаку, ова е кабинетот на хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман.